ЕНЕРГЕТСКИТЕ ПОВРЗУВАЊА НА БАЛКАНОТ


Зависноста на ЕУ од увозот на енергија од природен гас е во пораст, и потребна е јасна стратегија за пошироко промовирање на енергетскиот интерес на Унијата. Конкуренцијата и интересот на големите компании од оваа област на прекуморска нафта, гас, резерви на јаглен како и нарушувањето во снабдувањето доведоа до променливи и високи цени на енергијата.

Александрополис е град во грчката провинција Тракија, важно пристаниште и трговски центар на североисточна Грција, со добра стратешка географска позиција поврзувајќи ја Европа со Азија. Александрополис е еден од најновите градови во Грција,основан како рибарско село во средината на 19 век, а денес модерен град кој може да се пофали со сите модерни опшествени атрибути.

Неговата географска позиција на инфраструктурното поврзување меѓу Азија и Европа, му дава посебно значење во поврзувањето со проекти за транспорт на природен гас и нафта. Заинтересираноста на моќните гигантски фирми кои работат и тргуваат со тој бизнис се огледува со отварање на свои преставништва таму.

Вo 2019 Европската комисија одобри 166,7 милиони евра (198,9 милиони американски долари) за поддршка за изградба на нов терминал за ТНГ во Александрополис. Ова е голем геострaтешки проект во северна Грција и регионот. Европската Комисија утврди дека помошта за проектот е соодветна и неопходна, бидејќи проектот нема да се спроведе без јавна поддршка. Комисијата го зеде во предвид вклучувањето на проектот во листата на проекти од заеднички интерес во енергетскиот сектор на Европската унија.

Терминалот Александрополис е проектиран како независен систем за природен гас (ИНГС) кој е модерен, најсовремен технолошки проект. Тој вклучува оф-шор пловечка единица за прием, складирање и ре-гасификација на ЛНГ, и систем на подводен и копнен гасовод за пренос преку кој природниот гас се испорачува во грчкиот национален систем за природен гас (ННГС), и понатаму до крајните потрошувачи во регионот и пошироко.

Терминалот има капацитет да се поврзе и да пренесе гас во други системи за пренос на гас планирани во истиот географски регион како што е ТАП (Транс-јадрански гасовод). Македонија преку крак треба да се поврзе со транс-атлантскиот гасовод, кој тргнува од Азербејџан и преку Турција и Грција завршува во Италија.

Прашањето e до каде е Македонија?

Како што знаеме владата пројави интерес за овој проект, а македонските државни компании ”Национални Енергетски Ресурси” (НЕР) и ЕСМ потпишаа Меморандуми за соработка за инвестирање во проект за изградба на пловечки течен природен гас (ЛНГ) во Александрополис, и се обврза да инвестира над 380 млн. евра (446,7 милиони долари) во 25% од акциите во електрана со моќност од 800 мегавати, и 370 милиони евра во 10% од акциите на терминалот за ЛНГ.

Дали со овој потег владата сака да покаже визионерски и геостратешки планови и ја става државата во група со стабилните и важните проекти во регионот и пошироко, а и пред странските компании се покажува заинтересираност и стабилност? Дали како држава имаме национална стратегија како овој природен гас како ресурс ќе го искористиме за нашата економија и производство?

Многу големо значење има искористеноста дома во нашата држава, како што знаеме досега постои еден гасовод од Бугарија преку Скопје до Неготино. Владата исто така спроведе нов крак преку Плетвар за Прилеп и Битола, и се планира поврзување и со големиот енергетски комплекс РЕК Битола. Новата еколошка агенда на Македонија за во иднина каде мислиме дека во голема мера ќе биде застапена на искористување на природниот гас.

Енергетското поврзување со Грција е особено значајно, бидејќи ќе обезбеди уште една можност за добивање гас од Азербејџан, како нова независна точка, а политиката на диверзификација е можност за покомпетитивни цени и иневестиции. Покрај учеството во овој значаен и витален проект со поддршка од САД, која за Македонија е од големо значење има и за повторното пуштање и функционирање на нафтоводот Солун-Скопје за што се водат разговори со Хеленик Петролеум.

Европската комисија годинава издаде соопштение за безбедноста во снабдувањето со енергија и меѓународна соработка, во кое за прв пат се поставува сеопфатна стратегија на Европската Унија посветена на надворешните односи во областа на енергетиката. Централно значење во пристапот на Европската Комисија е подобрување на координацијата на земјите членки на ЕУ и земјите од Западен Балкан во идентификување и имплементирање на приоритетите во надворешната енергетска политика.

Зависноста на ЕУ од увозот на енергија од природен гас е во пораст, и потребна е јасна стратегија за пошироко промовирање на енергетскиот интерес на Унијата. Конкуренцијата и интересот на големите компании од оваа област на прекуморска нафта, гас, резерви на јаглен како и нарушувањето во снабдувањето доведоа до променливи и високи цени на енергијата. Затоа овај проект нè става во сферата на интерес, и Македонија може многу поволно да издејствува добивка и стабилност.

Со предлогот на Енергетскиот план 2020-2025 на ЕУ се промовира намалување на потрошувачката на енергија, зголемување на енергетската ефикасност, обезбедување на резерви и поддршка на економскиот раст. Обезбедувањето на заедничка позиција ќе помогне во промовирање на силни енергетски партнерства меѓу клучните соседни земји,а и пошироко. Останува да се види колку Македонија ќе успее да биде дел од управувањето со природниот гас во иднина. НИКОЛА БЛАЈБЕРШНИК

Никола Блајбершник е делегат на меѓународната асоцијација „Пламен на мирот“

29060043_2016680208590936_36926234558838