МВР: Судот дозволи Рашковски слободно да се движи поради здравствени причини


Поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски, наместо во притвор беше виден како се шета слободно по улиците во општина Аеродром и тоа пред просториите на СВР Аеродром, по ова МВР излезе со изјава и образложение.


По фотографијата која се појави денеска на социјалните мрежи, јасно се гледаше дека станува збор за еден од најблиските соработници на Зоран Заев и клучен играч во Владата Драги Рашковски, како наместо во притвор, тој слободно се шеташе по улиците на општина Аеродром.


По објавите од страна на медиумите за оваа вест, МВР ја истакна и причината.


Почитувани, Драги Рашковски има дозвола од Основен кривичен суд Скопје 1 со која поради здравствени потреби му се дозволува да се оддалечи од домот за да оди во точен период од денот да ја добие здравствената услуга. Дозволата е за точно определени денови. Во останатиот период од денот (освен периодот од неколку часа, кој му е дозволен од судот) Драги Рашковски ја почитува мерката. Конкретно денеска се направени две проверки од полициски службеници на СВР Скопје и Драги Рашковски ја почитувал мерката која му е изречена, изјавија МВР.


извор: шило магазин

29060043_2016680208590936_36926234558838