(ФОТО) СКАНДАЛ: Рашковски треба да е во притвор, а се шета слободен на улица!


Поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски, наместо во притвор – се шета слободно по улиците во општина Аеродром и тоа пред просториите на СВР Аеродром. На фотографијата која се појави на социјалните мрежи е направена денеска во 17:43 часот, јасно се гледа дека станува збор за еден од најблиските соработници на Зоран Заев и клучен играч во Владата.

Тој има две истраги од страна на Обвинителството за организиран криминал, а беше првпат приведен на 16 април.

Првата истрага против Рашковски е за набавка на софтвер за сообраќајни прекршоци, кој што го набавил како генерален секретар, иако МВР немало потреба од него. Втората истрага, која што беше отворена додека тој беше во притвор, е исто така за набавка за софтвер, но набавен во 2017 година.

Во непосредна близина на ОУ Љубен Лапе, Аеродром виден редок примерок на криминалец – капиталец кој излегол од куќен притвор.


извор: лидер

29060043_2016680208590936_36926234558838