Hoва тypa: Во Скопје денеска пристигнува нова група Aвганистанци

На Меѓународниот Аеродром во Скопје денеска се очекува да пристигнe нова група граѓани од Авганистан, информираат од Владата.

Според најавата од Владата, медиумските екипи што ќе се акредитираат треба да пристигнат најдоцна до 16 часот. Како што посочуваат од Владата, не се придвидени изјави на владини претставници при пристигнувањето.

Инаку, првата група од 149 Авганистанци во земјава пристигнаа на 31 август, меѓу кои и жени и деца. Станува збор за Авганистанци што работеле за меѓународни организации и нивните семејства.


извор: инфомакс

29060043_2016680208590936_36926234558838