Тасевски остро кон Филипче: Се претвори во гробар што трча со лопатата по нас


Еј министер за здравство дава изјава во која секој втор збор му е ЖАЛ МИ Е…, пишува актерот Сашо Тасевски на „Фејсбук“. Целиот статус го пренесуваме во продолжение: Жали што во два дена умреа сто луѓе од корона, жали што се лечени со терапија која нема никаков ефект, жали што вирусот го победува него и нашиот систем на секое поле. Пред тоа жалеше за тоа што не купи вакцини на време, па жалеше што една од вакцините не се баш здрави за помлади од 60 г.

И така си жали човекот. Тоа е, мајчиниот вирус е појак, ништо не се може. Ќе се умира полека. Жал ми е!!! Како не се срами после онаа изјава? Тоа не би го изјавил прв човек што прави се да го победи вирусот. Сигурно.

Па ако гледаш дека терапијата е погрешна што не ја смени до сега? Растрчај се до Јужна Кореа, Јапан, Куба, Занзибар, прашај зошто таму имаат под илјада умрени од ковид до сега, а тие држави имаат над 10 милиони жители. Оди барај подобра терапија по светов, а не да возикаш моторчиња со будалана и да леткате хеликоптери. Жали човекот.

Жалиш за комплетното фијаско што го доживува здравствениот систем, ама себе не се жалиш што си на чело на тој систем. Ти си правиот човек за тоа место, а сите ние сме виновни за колапсот. Ние неодговорните и мајчиниот вирус. Така се гледаш нели? Доволно е стопати ако повториш дека жалиш и си го решил проблемот.

Жалам што умирате како муви, ама помирете се јас сум ви министер за здравство до последниот што ќе преживее од вас.

Тоа што толку жалиш кажува две работи за тебе. Или си исплашен до смрт зашто си свесен дека ги испушти конците од раце, кои никогаш и не ги држеше според некои од нас кои не се правеа ќори со сила или си опериран од способноста да преземеш одговорност и да дадеш оставка по ваков дебакл.

Не треба ти да жалиш, ние треба да жалиме. Да се жалиме себе, да ги жалиме илјадниците што заминаа и илјадниците што ќе заминат од ковид и да жалиме што те добивме тебе. Од министер за здравство се претвори во гробар што трча со лопатата по нас. И многу ти жал за тоа. Знаеме.

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum