Заев прифати средба со Мицкоски: Погледнете кога ќе се одржи и на кои теми ќе разговараат


Заев прифати средба со Мицкоски и истата ќе се одржи во понеделник. Во понеделник, во 13 часот, во Клубот на пратениците во Скопје, лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе одржат тет-а-тет средба, дознава КУРИР.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва го повика премиерот Зоран Заев на тет-а-тет средба за да разговараат за клучните прашања и најголемите проблеми со кои се соочуваат граѓаните.

-Стојам на располагање, ќе го прилагодам моето време, така како што нему му одговара, да разговараме за сите проблеми кои се од животно значење за граѓаните, од кризата со пандемијата до работата на Парламентот, за што е денеска отворено, а не решено. Зборувам за тет-а-тет средба како двајца претседатели на двете најголеми политички партии кои имаат повеќе од две третини пратеници во рамките на Парламентот, рече Мицкоски во гостувањето во вестите на телевизијата Сител.

Премиерот Зоран Заев за Телевизија 21 истакна дека ја прифаќа понудата од страна на Мицкоски за организирање на тет-а-тет средба.

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum