СО ВАС ЗАЕДНО ЌЕ УСПЕЕМЕ - Видео обраќање на Тони Коњановски до битолчани


Со вас ЗАЕДНО ќе успееме!

Почитувани мои сограѓани, мои драги битолчани!

Сакам да Ви се заблагодарам за огромната искрена поддршка која ја почуствував во изминатите неколку дена.

Тоа претставува огромен и дополнителен мотив за мене, чест, но и обврска.

Убеден сум, дека само со единство, сплотеност и заедништво можеме да постигнеме највисоки цели и победа за Битола, Битола да ја направиме подобро место за живеење, силен центар на економијата, културата, образованието, туризмот, место од каде ќе покажеме како се води борбата за чист град и здрава еколошка средина.

Се обврзувам како честит, искрен и човек од збор, дека сум подготвен да го направам она што го заслужува нашата Битола и вие мои битолчани! Заеднички да ставиме крај на неефективноста, безидејноста и неработењето на локалната самоуправа изминатите четири години.

Како советник во Советот на Општина Битола, имав можност да бидам соочен со вашите проблемите и потреби.

Како градоначалник ќе ги вклучам сите граѓани по принцип на неселективност, без привилегираност од една страна и обесправеност од друга, со еднаков аршин и пристап кон решавање на секој предизвик, бидејќи силно верувам дека само тој е вистинскиот и единствениот начин.

Професијата лекар ми дава можност, да ги сослушам луѓето, да ги согледам и анализирам нивните проблеми, да дадам вистински совет и да понудам решение за нивната мака.

Со вас ЗАЕДНО - ќе успееме!

29060043_2016680208590936_36926234558838