Мега cкaндал во Израел: Министерот тајно снимен - Корона пропусницата нема медицинско опpaвдување


Израелските министри Хоровиц и Шакед тајно се снимени како велат дека ограничувањето популарно наречено “Грин Пас“ или ковид пропусница e неоправданo медицински, туку служи за притисок врз невакцинираните.


Снимката што ја сподели Канал 12 открива дека владините министри всушност не веруваат дека постои медицинска оправданост за ограничувањата во моментов.


На снимката се гледа како министерката Ајелет Шакед и министерот за здравство Ницан Хоровиц разговараат, не знаејќи дека микрофонот го снима нивниот разговор.


„Исто така, мислам дека можеме да го отстраниме грин пасот за ресторани надвор“, вели Шакед.


„Базени, исто така, не само ресторани“, одговара Хоровиц.


„Епидемиолошки, тоа е точно“, додава тој.


„Точно“, се согласува Шaкед.


Хоровиц продолжува да вели дека ограничувањата служат само за да се изврши притисок врз невакцинираните луѓе да се вакцинираат.


“Проблемот е, и ова ви го кажувам, нашиот проблем се луѓето кои не се вакцинираат. Потребно е малку …”


„Точно“, одговара Шакед.


Извор: Israel nationan news

29060043_2016680208590936_36926234558838