Милевски носител на листата, објавени и останатите 30 канидати за советници


Понудата е доследна на принципите за чесност, посветеност, професионалност, познавање на функционирањето на локалната самоуправа, вака вели носителот на листата за советници во советот на општина Битола, Пеце Милевски од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата.


„Постојано сме во непосредни контакти со граѓаните , отворени за соработка и ветуваме такви ќе останеме. Имаме приоритети еден од нив е да ги промениме правилата во кои живееме и системот кој генерации на луѓе претходно разочарал. Даваме збор дека ќе го реализираме и ќе бидеме доследни на својот концепт – Битола да биде град на сите нејзини граѓани, а првата и најважна гаранција е фактот, дека тоа го правиме заедно со вас, со битолчани и вие ни помате во тоа. Заедно ги лоцираме проблемите, заеднички ќе ги бараме решенијата, зашто сите заедно ја делиме љубовта за Битола. Сите тела на организацијата сплотени сме и обединети да си го обновиме градот и државата, да ја кренеме главата гордо високо и да им ставиме крај на поразите. На државата и е потребна работа и проекти, раст и напредок“ вели Милевски.



29060043_2016680208590936_36926234558838