Заев: Не мислам дека цела Влада треба да си поднесе оставка

Зоран Заев денеска по обраќањето на Енергетскиот форум Македонија 2021, изјави дека според него не треба цела Влада да си даде оставка по катастрофалниот пожар во модуларната болница во Тетово.

-Огромна е трагедијата, загубата е огромна. Најтешко им е на семејствата на загинатите. Не мислам дека цела влада треба да си поднесе оставка, изјави Заев. Тој истакна дека министерот Венко Филипче и понатаму доаѓа на работа.

-Филипче доаѓа на работа, се додека правно не бидат завршени сите работи, и до доаѓање на нов министер тие ќе ги извршуваат обврските, рече Заев.


извор: фокус

29060043_2016680208590936_36926234558838