Стотици возила блокирани на границата меѓу Косово и Македонија

Стотици возила вечерва се блокирани кај Блаце, во меѓузоната на границата меѓу Косово и Македонија, објавува Алсат. Повеќето од нив се со македонски регистарски ознаки. Во моментов не се познати причините за блокадата, но тоа предизвика голема нервоза кај патниците бидејќи за неполни 30-тина минути почнува полицискиот час. Некои возачи велат дека повеќе од еден час македонските погранични власти не презеле ниту еден чекор за решавање на оваа состојба.


извор: слободен печат

29060043_2016680208590936_36926234558838