Протест на “Магнолија“ и марш по Широк Сокак, секој поединец да си одговара за своето здравје


Како и во изминатите недели, и оваа вечер се одржа протест на плоштадот “Магнолија“ во Битола, а потоа и марш по Широк Сокак, протов како рекоа организаторите, најфашисоидните мерки, кои се воведени кај нас и за тоа секој поединец си одговара за сопственото здравје што е загарантирано човеково право кое е ненарушливо.


-Добивме ограничување на слободата, започна дискриминација се со цел “насилна“ вакцинација без да се слушнат различни мислења и целосно на штета на граѓаните, при то никој ништо не доби, но овие неколку недели загубија угостителите, економијата, а ние луѓето ја изгубивме слободата, и додадоа:-Не зборуваме како антиваксери, бидејќи и ние сме десетина пати вакцинирани досега. Овде зборуваме како луѓе кои се присилени да се вакцинираат со одземање на слободата за неограничено движење и нормално функционирање.


Како барања кои ги истакнаа се со позитивни мерки и начини на убедување за да се пристапи кон вакцинација, како и претставување на сите придобивки од вакцината, но и презентирање на сите нус појави и откривање на содржината на вакцините. Секако и повлекување на сите рестрикции и забрани кои се однесуваат на невакцинираните граѓани против ковид-19.



извор: битола

29060043_2016680208590936_36926234558838