ВИДЕО I Куба со сpeден пpcт за цела „3ападна цивилизација“: Кубанците сами си пpoизведуваат вaкцини

Веста дека Куба развила сопствена вакцина против ковид-19 го обиколи светот, но и не е изненадување. Помалку е познато дека таа сама произведува и медицинска опрема, како респиратори и КТ-скенери, со цел да обезбеди технолошка самостојност за време на пандемијата на ковид-19. И не е само тоа, Куба има развиено и свои методи на земање брисови и комплети за тестирање.


Официјални лица велат дека тоа им овозможило да заштедат многу пари и да одржат ниска стапка на смртност од ковид-19, во ситуација кога голем број земји се мачат да увезат таква опрема.


„Нашата земја штеди пари и ќе заштеди уште милиони долари благодарение на сите самостојни резултати што ги постигнавме“, вели Едуардо Мартинес, шефот на државната биофармацевтска корпорација „БиоКубаФарма“.


Куба беше принудена да се сврти кон сопствено производство и како одговор на повеќедецениското американско трговско ембарго, што беше засилено од Доналд Трамп.

Во средата, земјата со 11 милиони жители регистрираше дневен рекорд од 1.051 нов случај на коронавирус, додека вкупната бројка починати од почетокот на кризата остана релативно мала – 424, што е една од најниските стапки на смртност по глава на жител на светот.


Куба лани потрошила 100 милиони долари на борбата против пандемијата и сака да стане прва држава од Латинска Америка која развила своја вакцина против ковид-19.


Најнапредниот кандидат е „Соберана 2“, која е во третата фаза од тестирањето, а одобрение за почеток на завршни тестирања доби и „Абдала“.


„Според досегашните резултати, очекуваме нашето население до крајот на годината да биде имунизирано со домашна вакцина“, оптимист е Мартинес.


Повеќе од 1.450 здравствени работници од Куба во меѓувреме помагаат во справувањето со коронавирусот во 22 земји во светот. Неодамна, контингент од 217 доктори и медицински сестри започна да работи во Јужноафриканската Република, која е најтешко погодена земја од Ковид-19 на континентот.


Европа и Италија „ѝ се заблагодарија“ на Куба за помошта преку продолжување на санкциите и ембаргото. Иако Куба ја спаси ЕУ од пандемијата, Брисел уште еднаш ги продолжи санкциите за оваа карипска земја.


Пред нешто повеќе од една година, на 21 март, 53 лекари од Куба (кои се дел од бригадата Хенри Рив) пристигнаа во Италија, за да им помогнат на лекарите во Ломбардија во борбата против пандемијата на коронавирусот. За разлика од несебичната солидарност на малата Куба, Италија гласаше против Резолуцијата претставена пред Советот за човекови права на Обединетите нации за негативните последици од економските санкции што ги применуваат некои земји кон други, вклучително и Куба.


Во март 2020 година, сите жители на Италија, медиумите, политичарите и членовите на тогашната влада на Конте, се заблагодарија на Куба, која и покрај економската блокада и првите случаи на регистриран вирус дома, ги испрати своите лекари да му помагаат на италијанскиот медицински персонал во нивните тешкотии во борбата против Ковид 19.


Една година подоцна, Италија „ја обновува својата благодарност“ до кубанскиот народ гласајќи против резолуцијата претставена пред Советот за човекови права на Обединетите нации за осуда на санкциите против Куба.


Резолуцијата, претставена во име на Движењето на неврзаните од Кина, Државата Палестина и Азербејџан, беше изгласана со 30 гласа „за“, 15 „против“ и 2 воздржани. Заедно со Италија, исто така и Австрија, Бразил, Франција, Германија, Јапонија, Велика Британија, Холандија и Полска одбија да гласаат за резолуција со која ќе се укинат санкциите што го попречуваат развојот на независните нации, со што се усогласува со санкциите на САД. Меѓу санкциите што оваа резолуција ги осудува се и оние што се применуваат против земји како Куба, Венецуела, Сирија и Иран.


Минатата година, 52 кубански лекари беа пречекани на аеродромот во Италија со аплауз.

Нашата држава не фрла бомби против другите народи, ниту праќа илјадници авиони да бомбардираат градови. Нашата земја нема нуклеарни оружја, хемиско или биолошко.

Десетиците илјади научници и доктори кои нашата земја ги има, беа едуцирани да спасуваат животи. Апсолутно контрадикторно е со концептот да има научник или доктор кој произведува супстанци, бактерија или вирус што може да убие друго човечко суштество.


Во нашата земја ние истражуваме како да лекуваме болести како менингококен менингитис и хепатитис, употребувајки вакцини, произведени врз база на техники за генетски инжинеринг. И уште нешто многу значајно, потрагата по вакцини или терапевтска формула употребувајќи молекуларна имунологија.


Извинете што ги употребувам овие технички зборови. Тоа значи дека се таргетираат малигните клетки директно. Некои може да ги предвидат, а други може да ги излечат.

И ние одиме напред по тој пат. Тоа е гордост на нашите доктори и нашите истражувачки центри.Десетици илјадници кубански доктори обезбедија меѓународна помош за најоодалечените и најсуровите места за живот низ светот.


Еден ден, јас реков, дека ние никогаш нема да праќаме и нема да правиме изненадувачки напади против слабите делови во светот. Туку, наместо тоа, нашата земја ќе биде способна да испрати доктори што ќе бидат потребни во најслабите места во светот.


ДОКТОРИ, не бомби! ДОКТОРИ, не паметни оружја со презицно таргетирање. Бидејќи на крајот на денот, оружјето што убива предавнички апсолутно не може да биде паметно оружје.


Видеото можете да го погледнете и на следниот линк



извор: infomax.mk


29060043_2016680208590936_36926234558838