Пендаровски: Никаде во светот не сум видел затвореник да направи сообраќајка

Претседателот Стево Пендаровски за време на гостувањето во емисијата „360 степени" на ТВ Алсат, коментираше за случајот со Зоран Милески Кичеец. Тој кажа дека ситуацијата има многу апсурди, и бара целосно испитување. Претседателот Пендаровски вели дека целиот случај со Кичеец кој направи сообраќајна несреќа кај Стража во која загина и еден човек, е апсурден од секој аспект. „Не сакам да навлезам во патетика во денови кои сме во национална жалост, но ако 30 дена се добива отсуство за аритмија, ние имаме луѓе, жени, бивши функционери во затворите кои имаат деца и со години не може да видат, не може да добијат викенд за да ги видат освен преку затворсите решетки и тоа не е правилно, ниту праведно. Јас не сум чул, не сум прочитал вест во било кој светски медиум дека се случил таков настан на кој било континент. Дека човек кој е во затвор направил сообраќајка, рече Пендаровски во интервјуто, додавајќи дека посебно интересен е фактот дека во возилото на Кичеец имало двајца странски државјани.

Исто така, за него не јасно како Кичеец бил пуштен 30 дена од затвор поради аритмија, за која исто така вели, дека му е нејасно дали самиот Кичеец или неговата мајка ја имале дијагнозата.

Пендаровски вели дека не е праведно во исто време поранешните функционери кои лежат во затвор да не можат да ги видат своите деца.


извор: мкд

29060043_2016680208590936_36926234558838