Уште едно потресно сведоштво на тетовец: Ни рекоа да доаѓаме во болницата за ние сами да го храниме


Мунир Биљали, син на родители кои биле во модуларната болница во Тетово, вчера своето потресно сведоштво го раскажал за „ТВ21“.


Тој не знаел дали неговите родители се живи, па го упатиле кон Скопје, а таму не му дале одговор.


Биљали вели дека некоја докторка му рекла да доаѓа некој од неговото семејство да биде покрај татко му, и да го храни, а денеска и вчера сите велат дека има забрана за посети на ковид позитивни пациенти. Дента пред пожарот во 20:30 разговаравме, потоа легнав да одморам за работа. Ми се јави некој и ми кажа што се случило во болницата. Не знаевме дали е татко ми или некој друг, само ми рече да одам да видам. Кога отидовме таму, што да видиме сѐ беше пеплосано. Не знаевме ништо, талкавме по болницата, еден доктор вели горе, еден доле, но никого не најдовме.


извор: шоло магазин

29060043_2016680208590936_36926234558838