ВМРО ДПМНЕ БИТОЛА: Почитувани од СДСМ, паниката во вашите редови е голема со сомнителниот бизнисмен


РЕАКЦИЈА НА СООПШТЕНИЕТО ОД СДСМ

Почитувани од СДСМ, паниката во вашите редови од кандидатот Тони Коњановски е очигледа, повторно настапувате арогантно, без аргументи и што е најважно и погубно за вас, ги потценувате граѓаните. Во отсуство на резултати од вашето четиригодишно владеење со Битола и немањето програма, идеи и решенија за проблемите со кои се соочуваат битолчани, заради “од немај каде” избраниот кандидат, анонимниот сомнителен “бизнисмен” Христо Кондовски - за што е клучен принципот “купи-продај” на Зоран Заев, за жал не ги почитувате ниту принципите на фер и коректно, демократско однесување, на кое патем, сакале или не, сте обврзани. Тоа, почитувани, сепак е одлика на вашиот стил и вашето знаење и умеење, што на крајот дефинитивно е само ваша работа, која ќе ја ценат граѓаните на Битола.

Не е само некоректно, туку и надвор од основно воспитување е, наместо да се погрижите за вашата понуда пред граѓаните, четири години да останете заглавени во реториката која му носи само назадување на овој град и битолчани.

ВМРО ДПМНЕ со својата понуда е доследна на принципите за чесност, професионалност, познавање на функционирањето на локалната самоуправа. И Коњановски и Милевски, се луѓе кои добро ги познаваат битолчани, непосредни, отворени за соработка и постојано во директен контакт со граѓаните.

ВМРО ДПМНЕ ќе успее во својот концепт, Битола да биде град на сите нејзини граѓани, а првата и најважна причина е фактот, дека тоа го прави заедно токму со нив, со битолчани и заедно со сите нив ја дели големата посветеност и љубов за Битола.

#УмниЛуѓеУмнаОдлука

29060043_2016680208590936_36926234558838