Доктор Цана: Морална обврска е Филипче да си даде оставка

Доктор Фадил Цана, специјалист инфектолог на Клиниката за инфективни болести во емисијата 24 анализа, во врска со вчерашната трагедија во Тетово, истакна дека како лекар смета дека за оваа трагедија треба да се сноси договорност.


-Сметам дека било кој, не само министерот, да беше во таа позиција и во било која држава, морално би требало да се сноси одговорност и да им се отвори пат на органите за истрага. Морална е обврската да се даде оставка, а пред тоа би требало прво што е до негова надлежност, сите одговорни во раководењето на тетовската болница да бидат разрешени, рече Цана.



извор: фокус

29060043_2016680208590936_36926234558838