ФОТО I ПОДИГАЊЕ НА СВЕСТА ЗА АУТИЗMOT - РИЛУКА - Битола од Широк Сокак


Здружението РИЛУКА - Битола, денес на градскиот плоштад во Битола се сретнаа со многу граѓани и здруженија со цел на покренување на свеста за аутизмот.

Тенденцијата на пораст на аутизмот е факт и токму затоа е потребно подигање на јавната свест, поголем ангажман, подобар пристап и координација на сите засегнати страни. Главен приоритет е отворање центар за аутизам. Раната дијагностика и раната интервенција се пресудни за понатамошниот развој на децата со аутизам, исто како и соодветната терапија и третманот од стручни лица. Како многу важен проблем кој треба да се реши итно е и начинот на кој се спроведува образованието на децата со аутизам. Потребни се стручни тимови во градинките и во училиштата, отворање доброопремени дневни центри и развојни советувалишта.


29060043_2016680208590936_36926234558838