КАКВА СРАМОТА: Ocтавка има само од економскиот директор на Тетовската болница, тврди Фуркан Салиу

Новинарот на Клан Македонија, Фуркан Салиу на социјалните мрежи пред малку објави дека по трагедијата која се случи во модуларната ковид болница во Тетово во која починаа 14 лица, оставка ќе има само од економскиот директор на тетовската болница Артан Етеми.


Според него никој друг од Владата не планира да понесе одговорност и да поднесе оставка, а владината седница веќе е завршена.


-Заврши владината седница… Никој освен економскиот директор на тетовската болница, Артан Етеми, нема да поднесе оставка, пишува Салиу на Твитер.


Економскиот директор на Клиничката болница Тетово, Артан Етеми, на 15 април се пожали дека има грешка при изградбата и фирмата изведувач треба да ги отстрани забелешките,

Етеми денеска за „Фокус“ потврдува дека тогаш биле констатирани ситни пропусти, но според него во никој случај не можат да се поврзат со причината за пожарот.



извор: инфомакс

29060043_2016680208590936_36926234558838