ФОТО I Македонскиот селектор во ред чекаше да купи албум со сликички Панини


Селекторот Игор Ангеловски е миленик на навивачите, а после денешниот потег уште повеќе ги собра симпатиите.


Имено, денес започна продажбата на албумот „Панини“ за Европското првенство, каде за прв пат ќе ја има и македонската репрезентација.


Селекторот, Игор Ангеловски застана во редот и чекаше да го купи својот албум, исто како и сите други купувачи.


Фановите ја искористија приликата да се фотографираат со селекторот и да му честитаат на успесите.


извор: infomax.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838