МИЦКОСКИ: Ако помине само еден закон на швepцepcки начин од страна на СДСМ-ДУИ, ВМРО ќе го блокира..

Што се однесува до 15 закони, јас не знам дали се 15, но знам дека има закони кои што на брутален начин Владата на СДСМ и ДУИ сака да ги помине и на шверцерски начин низ парламентот комплетно злоупотребувајќи го европското знаменце, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање на денешната изјава во Гази Баба.

Претседателот Мицкоски упати порака до меѓународната заедница посебно до Европската Унија да го спречат шверцерското носење на закони од страна на владата на СДСМ и ДУИ, посочувајќи дека доколку и еден закон помине во собранието ВМРО-ДПМНЕ ќе ја блокира работата на македонското собрание. Мицкоски упати и порака до граѓаните нагласувајќи дека за неколку недели сами ќе одлучат дали сакаат да живеат во држава односно како што тој ја нарече ДООЕЛ Заев или пак во слободна и демократска држава во која се развиваат европските вредности.

Ја користам оваа прилика да ја упатам и мојата порака до меѓународната заедница, посебно до Европската унија ако ова остане не искоментирано и ако ова не се спречи, тогаш ВМРО-ДПМНЕ целосно ќе ја блокира работата на македонскиот парламент, на македонското собрание. А пораката до македонските граѓани е дека за неколку недели од сега ќе имаат можност да одлучат дали сакаат да живеат во држава ДООЕЛ Заев каде што парламентот комплетно ќе биде приватизиран и на шверцерски начин ќе се носат бизнис закони како што се овие вие рековте 15, или пак ќе имаме слободна демократска држава која ќе се развива и ќе биде рамо до рамо со европските вредности, изјави Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ, јас ве уверувам дека доколку и еден од овие закони шверцерски помине, од следниот ден комплетно ќе ја блокира работата на македонскиот парламент, дециден е Мицкоски.



извор: инфомакс

29060043_2016680208590936_36926234558838