(ВИДЕО) ГУБИ СЕ ДА НЕ ТЕ ГЛЕДАМ: Граѓанин избрка попишувач во Велес


Жител на село Горно Оризари влезе во конфликт со попишувач кој според неговите зборови му дошол пред врата без заштитна маска и не му дозволи да го попише. Иако вчера градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски на прес-конференција информираше дека на првиот ден од пописот ниту еден од попишувачите не бил вратен од домовите на граѓаните и податоците биле успешно внесени во системот, денес на социјалните мрежи кружи видеото кое сведочи за конфликт помеѓу граѓанинот кој треба да биде попишан и попишувачот.


Пописот на населението, домаќинствата и становите започна пред два дена, а ќе трае до 30 септември. Пописот првично требаше да се одржи од 1 до 21 април, но беше одложен поради влошената ситуација со коронавирусот.



извор: шило магазин

29060043_2016680208590936_36926234558838