РИСТО ДИМИТРОВ - ЧУРИНО, „МАКЕДОНСКИ АМБАСАДОР НА СПОРТОТ“ ВО СУЛТАНАТОТ ОМАН


АМБАСАДОР - „АМБАСАДОР НА СПОРТОТ“ - Македонскиот и БИТОЛСКИОТ „АМБАСАДОР НА СПОРТОТ“ во СУЛТАНАТОТ ОМАН - Секоја чест за Битолчанецот РИСТО ДИМИТРОВ - ЧУРИНО.


Ова момче е еден од ретките Битолски спортисти во боречките спортови кој успеа без ничија помош да направи прекрасна СПОРТСКА и КОМЕРЦИЈАЛНА КАРИЕРА надвор од Битола и Македонија во далечниот ОМАН. Од друга страна жалам што тоа не се случи во Битола односно Македонија.

Но, најпрво да ја објаснам суштината и значењето на зборовите од насловот АМБАСАДОР односно „АМБАСАДОР НА СПОРТОТ“. Имено, зборот АМБАСАДОР е од француско потекло и значи: дипломатски претставник од највисок ранг, повисок ранг од пратеник. Всушност тој ја претставува сопствената држава во друга држава. Меѓутоа, во бившата држава Југославија, спортските новинари поимот „АМБАСАДОР НА СПОРТОТ“ го употребуваа за еден Мате Парлов, Аце Русевски, Реџеп Реџеповски, Вели Мумин, Шабан Сеиду, Шабан Трстена и др. спортисти кои имаа постигнато врвни резултати во спортот. Кое е всушност ова момче? РИСТО ДИМИТРОВ - ЧУРИНО. Потекнува од чесно и скромно семејство. Како многумина од нас имаше бурно, немирно и лудо детство. Но, како поминуваа годините тој се изгради во една прекрасна личност со висока култура и фини манири на однесување. Беше љубител на БОРЕЧКИТЕ СПОРТОВИ и со упорни тренинзи навлезе во нивната тајна. На почетокот од неговата бурна кариера, на 14 години почна да тренира КИКБОКС кај тренерот Златко Неделковски. Истовремено тренира и во БК „Пелистер“ и навлезе во тајните на БОКСОТ. Во аматерска конкуренција има забележано неколку победи во кикбокс. Отслужува воен рок.

Во тој временски период напоредно тренира КИКБОКС, БОКС и БОРЕЊЕ. Исто така, со текот на времето тренира и навлегува во тајните на ЏУДО и ЈИУ ЈИТСУ. Во меѓувреме го запозна идниот тренер СЕНГ СИТИСАКО - ЈАПОНЕЦ оженет за Македонка. Всушност, тогаш започнува и неговата професионална ММА кариера. Најпрво во Битола го отвора ММА клубот „ИГОР ММА“- Битола, а по кратко време и втор клуб за ЏУДО - „ЧУРИН“ - Битола.

Својата љубов кон боречките спортови ја пренесе и на други деца. Со упорни тренинзи под надзор на Ристо некои од тие деца станаа шампиони во ЏУДО, ЈИУ ЈИТСУ, БОЕВО и спортско САМБО. Но, да се вратам на неговата индивидуална спортска кариера. Ни еден Битолски спортист во боречките спортови нема постигнато такви резултати. Поточно, Ристо Димитров - Чурино е: Првиот Битолски профи ММА борец, прв Шампион во БОЕВО САМБО, носител на два ШАМПИОНСКИ ПОЈАСИ (БАРАБЕР ФИГХТНИГХТ ШАМПИОН ИСФА). Неговата спортска витрина е полна со МЕДАЛИ и ПЕХАРИ освоени на многу Европски турнири во СЕДУМ различни боречки спортови. На 13-ти Декември 2013 година во Скопје се одржа турнир.


Учевствуваа и четворица борци од Македонија. Единствено победи Димитров против Гркот - Георгис Вардис. Таа е неговата прва професионална борба. Тој во една фантастична борба победи со едногласна одлука на судиите. Во 2016 година во Битола за прв пат се организира турнир на професионални борби во КАФЕЗ настапија 22 професионални борци од цела Европа под покровителство на ИСФА Европа. Ристо за прв пат се бори за Европска титула во ИСФА. Во категорија до 66 кг го победи Црногорецот Амел Шабановиќ. Победи со прекин во првата рунда со потег - ПОЛУГА НА РАКА. На 53-тиот избор спортист на Битола под покровителство на Сојузот на спортови во Битола, Ристо Димитров - Чурино е прогласен за СПОРТИСТ НА БИТОЛА за 2016 година. Признанието и наградата му ја врачи ЛЕГЕНДАРНИОТ љубител на спортот (посебно на боксот) во Битола ДИМЧЕ МИНОВСКИ. Во оваа година тој освои: Трето место на Европското првенство во Кураш, прво место на државното првенство во боево самбо и прво место во ГРЕПЛИНГ - мешовито борење. Исто така, во Јуни 2016 година на турнирот ИМПАКТ ФАЈТ НАЈТ во Нашице-Хрватска го победува со потег АРАМ-БАР во првата рунда Марко Шпириќ од КБК „Тигар“ од Жабањ, Србија. На 4-ти Ноември 2019 година, во Хрватска, на турнирот во организација на ЈУРОПИАН ТОП ФАЈТЕРС (ETF) одржан во Белишче Хрватска, Ристо Димитров - Чурино го совлада Дарко Кнежевиќ од Србија. Ристо победи во првата рунда со „ДРАУНД ЕНД ПАУН“. Во Хрватска на турнирот BARABER FIGHT NIGHT за 1 минута и 7 секунди победува искусен противник кој во својата кариера има повеќе од 100 професионални борби и го освојува престижниот BARABER FIGHT NIGHT - ШАМПИОНСКИ ПОЈАС. По мечот изјави: Секоја чест за противникот кој беше искусен и јак противник со повеќе од 100 борби во бокс, кикбокс и ММА. Од 2017 година живее и работи во СУЛТАНАТОТ ОМАН како тренер, менаџер на Арабискиот полуостров и 50% сопственик на Фирма за спортска опрема и индивидуални тренинзи ПУМП ФИТНЕС ОМАН.


Има освоено 2 - СРЕБРЕНИ МЕДАЛИ на ДУБАИ ПРОФЕСИОНАЛ ЈИУ ЈИТСУ ШАМПИОН СХИП, ЗЛАТО и СРЕБРО на ЊАЊАН ФИГХТ НИГХТ во Кувајт. Исто така, има освоено медали и во најтешката атлетска трка во трчање во Светот - СПАРТАН РАЦЕ како и на МУСЦАТ МАРАТОН. Многу негови ученици имаат освоено медали по различни турнири. Така, неговиот ученик Амар Ал Барњани освои историски медал за Султанатот Оман во ЏУДО, прв во спортската историја на Оман. Други негови ученици имаат остварено значајни победи во БОКС, КИКБОКС и ММА. Морам да потенцирам дека зад секој успешен маж спортист мора да стои и добра сопруга со која ќе се има хармоничен брак. Ристо имаше голема среќа да ја запознае својата животна сопатничка Милка, која му го роди синот Марко. На крајот на мене и на сите добронамерни сограѓани не ни преостанува ништо друго освен да му посакаме здравје и среќа и многу успеси во понатамошната професионална, спортска и комерцијална кариера во далечниот Султанат Оман. ГОЛЕМ ПОЗДРАВ ОД БИТОЛА.


извор: стари битолчани - Стефан Чекутков

29060043_2016680208590936_36926234558838