Транспарентноста на општините за тоа како ги трошат парите на своите граѓани


Граѓаните имаат право да знаат каде се троши секој нивни денар.


Но дали е така во нашето секојдневие, дали општините се транспарентни при трошењето на парите на граѓаните и дали некој точно знае за какви намени се потрошени општинските пари?


Локалните власти се должни со закон да им даваат отчет на граѓаните за што и како ги трошат парите, но честопати тоа не го прават. Транспаретноста на Општините во овие неколку изминати години скоро и да не постои.


Начинот на кој што локалните власти ги трошат народните пари покажува дека нема правилен рамномерен развој на општините. Нерамномерноста при трошењето на парите наменети за општините се гледа од фактот што за градот Скопје и 13 други општини се трошат една половина од парите за јавни набавки, додека на другите 67 општини им е оставена другата половина, со што се доаѓа до заклучок дека некои општини се превилигирани или имаат специјален статус со можност за луксузирање додека некој општини неможат да ги покријат ни основните потреби.


Како за пример имаме податок дека најмногу пари потрошил Град Скопје, додека најмалку пари потрошила општината Сопиште која лани потрошила само 9 илјади евра и тоа за јавни набавки што е 0,01 процент од буџетот со кој располагала. Веднаш по неа е општина Арачиново со 26 илјади евра кои биле наменети за одржување на службените автомобили и зимско одржување на улиците. Од ова произлегува дека жителите во различни општини во државата им се овозможува различен квалитет на живот.


Впечатливо е дека најголемиот дел од парите се трошат на „пари за плати за администрација“ и тековни трошоци меѓу кои спаѓаат и трошоците за образование, културата и социјалните дејности, а потоа следуваат и трошоците и за јавни набавки, капиталните инвестиции, привремени вработувања, нафтени деривати, итн.


Можеме да забележиме и дека има разлика урбани и рурални средини , каде првите, т.е. урбаните општини најмногу трошат на одржување и реконструкција на патишта (за жал некои и неколку пати во еден мандат), додека пак, руралните општини претежно инвестираат во изградба на водоводни и канализациски мрежи.


Финансирањето на општините се базира на две основи и тоа во првиот случај како главен финасиер се појавува централната власт со што општините се ставаат во подредена улога и зависност од истата. Ова доведува до условеност на граѓаните од централната власт, па доколку идниот градоначалник е од опозицијата тогаш владата би ја опструирала општината и нема да ја финасира. Другиот случај е финасирање се од европските фондови. Од локалната самоуправа велат дека парите од европските фондови им се неопходни за реализирање на поголеми проекти кои државата не може да ги оствари сама. ЕУ и нејзините фондови најмногу помогна во развојот на инфраструктурата и на другите дејности во надлежност на општините. Можеме да констатираме дека ништо од поголемите проекти во општините без парите од ЕУ. Да и тоа се е во ред но моменталните градоначалници со таквите проекти и со парите од европските фондови наголемо се преставуваат и презентираат пред жителите како нивни достигнувања и успеси. Не треба странските донации и надворешната помош да се злоупотребува во политички презентации и публикации, а сето тоа мора и со закон да се регулира.


Се надеваме дека новите градоначалници ќе ја престанат старата навика и дека на прво место за нив ќе бидат потребите на своите сограѓани.


НИКОЛА БЛАЈБЕРШНИК - Делегат на меѓународната асоцијација „Пламен на мирот“


29.08.2021

29060043_2016680208590936_36926234558838