Македонија наместо со победа од Рејкјавик се „враќа" со бод!


Македонската фудбалска селекција испушти чиста победа на гостувањето во Рејкјавик кај Исланд во рамки на квалификациите за Светското првенство во Катар 2022 година.

Македонија беше доминантна создаваше шанси и водеше со 2-0, со головите на Дарко Велковски со глава по корнерот на Езгјан Алиоски во 12.минута и во 54.минута со соло продор погоди и Езгјан Алиоски, но домаќините се консолодираа и постигнаа два гола преку Бринјар Бјарнасон и синот на легендарниот исландски фудбалер Еидур Гудјонсен, Андри Гудјонсен. Статива погоди Алекс Трајковски шанса за гол имаше и ново влезениот Адис Јаховиќ а на крај и ударот со глава на Дарко Чурлинов кој изгледаше како гол за победа, исландскиот дефанзивец ја спаси својата селекција во 94-тата минута од мечот во Рејкјавик и избраниците на Боби Милевски мораа да се задоволат од бодот освоен на далечниот север.


Нашиот национален состав веќе на 8-ми Септември го игра последниот меч за овој циклус на натпревари против Романија на Тоше Проески Арената во Скопје со почеток од 20:45 часот.

29060043_2016680208590936_36926234558838