НАМЕСТО ВО ЗАТВОР: Зоран Кичеец учествувал во сообраќајна несреќа на Стража - ФОТО


Осудениот на 3 години затвор во случајот “Рекет”, Зоран Милески Кичеец е еден од учесниците во сообраќајната несреќа на Стража, дознава неофицијално Телма.

Официјално за Телма од управата за извршување санкции потврдуваат дека Кичеец имал прекин на казна во траење од 30 дена, поради здравствени кардиоваскуларни проблеми. Решението му било потпишано на 8-ми август а тој треба да се врати во затворот до 8-ми септември. Од управата велат дека тој е во затворот во Струга, каде се наоѓаат затвореници за полесни кривични дела и дека му следуваат и ги користи дури и правата на вработување надвор од затворот па дури и за годишен одмор од 24 дена.


Тој е единствениот што призна вина за случајот Рекет, во кој се осудени и Катица Јанева и Боки 13 и со спогодба ја доби најниската затворска казна.


Едно лице загина а седуммина се повредени во тешката сообраќајна несреќа што попладево се случи на магистралниот пат Гостивар – Кичево, во близина на Новоселските гробишта.


Во несреќата учествувале три моторни возила, џип мерцедес, патничко возило БМВ и камионет.


Едно лице од камионетот починало на местото на несреќата , седум се пренeсени во гостиварската општа болница за укажување лекарска помош. Јавен обвинител и полицијата вршат увид, а од 15.30 во прекин е сообраќајот во двете насоки и се пренасочува преку гостиварското село Церево.


извор: телма

29060043_2016680208590936_36926234558838