Бектеши: Ќе се попишуваат и децата родени во странство кои уште немаат македонско државјанство

Крешник Бектеши, министерот за економија, на Фејсбук објави дека во пописот на нерезидентното население, односно кај дијаспората ќе се попишуваат и децата родени во странство кои уште не се стекнале со македонско државјанство. „Колку ниско може да паднат Мицковски и Апасиев во политиката. Регистрацијата на дијаспората продолжува до 30 септември, дури и со деца родени во странство и кои сè уште не се регистрирани во Северна Македонија“, напиша функционерот на ДУИ на Фејсбук. Особено негативни реакции предизвика телевизиското гостување на Мицкоски, кој рече дека ВМРО-ДПМНЕ од пописот на вкупното население ќе го признае само делот на резидентите.

Според Мицкоски, под попис се подразбира само регистрација на резидентното население и домаќинствата, додека за дијаспората, според стандардите, важи посебно евидентирање. Апасиев пак со „Левица“ побараа прекинување на пописот на дијаспората, кој и натаму е во тек, иако статистичката операција на резидентното население е одложена за 1 септември.


извор: фактор

29060043_2016680208590936_36926234558838