ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КРУШЕВО: Ги остави децата со посебни потреби без образовни асистенти


Почитувани сограѓани и родители, Новата учебна година донесе многу грижи за децата со посебни потреби и за нивните родители во нашата општина. Многу деца во основното училиште останаа без свои образовни асистенти, а без нив не можат да ја следат наставата. Основната причина за ваквата негрижа е единствено неможноста да се голни фактот дека дел од кандидатите кои исполнуваа услови за образовни асистенти биле од Вмро - Дпмне Томе Христоски - Градоначалник на општина Крушево ниту ги обезбедил тие финансиски средства за образовни асистенти, ниту има појма колкава штета прави со тоа што ги скратува тие работни места.

Јавно го прашуваме градоначалникот Томе, со кое право скратуваш работни места за образовни асистенти во ОУ " Никола Карев " Крушево, кога не успеа 4 години да отвориш ниедно ново работно место и да им го понудиш на своите сограѓани, Томе со кое лице ќе ги погледниш родителите на тие деца и кој одговор ќе им го кажeш.

Зарем е одговор дека не можат да имаат образовен асистент бидејќи тој e од Вмро- Дпмне.

И, додека сите градоначалници работат на отворање на нови работни места, крушевскиот мизантроп работи на укинување, иако штетата е од непоправлива природа. За кое образование и за кои реформи зборувате и дали знаете дека политиката е непозната именка за децата со посебни потреби, Крушево не памти поголем штетник од градоначалникот Томе !

Вмро- Дпмне, после 17 октомври ќе биде власт , која еднакво ќе ги застапува правата и интересите на сите луѓе во Крушево.


29060043_2016680208590936_36926234558838