За еден месец ПОЧИНАЛЕ 480 ПАЦИЕНТИ, од кои 51 биле вакцинирани

Македонија повторно е во врвот на европската карта според бројот на починати пациенти споредено со број на жители. Дури 12% од починати биле вакцинирани.

Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид 19, во период од 06 август заклучно со 2 септември. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.

-Во период од 06.08 до 02.09.2021 на територија на државата 22.416 граѓанин, се позитивни од тестирани на Ковид 19, од нив 18% биле целосно вакцинирани, односно 4191 лице. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид 19. Според статистика за изминативе четири недели, 18.225 граѓани, односно дури 81% од позитивните на Ковид 19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 87%, додека само 13% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од четири седмици на територија на државата починале 480 лица со Ковид 19, 429 пациенти (89%) од починатите не биле вакцинирани, а само 51 (10%) примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања, информира МЗ.

Посочуваат дека заразените и починатите се вакцинирани со вакцини што ги има на располагање кај нас, како и вакцини Модерна и Џонсон, кои некои од пациентите ги примиле во странство.

-Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна, ја намалува шансата од заболување, спречува тешка форма на болеста и штити од смртен исход. Министерството за здравство апелира граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2, соопштија оттаму.


извор: вечер

29060043_2016680208590936_36926234558838