Дали Васко Ковачевски прави „СТЕНТОН ГРАД“ од Битола?


Конкретно за Битола СДСМ, Зоран Заев, Вице Заев и Васко Ковачевски го прекрстија градот Битола во Стентонград.


Кандидатот на СДСМ за Битола, Христо Кондоски, е дел од бизнис лобито блиско до Вице Заев, дел од групацијата СН и Стентон, чии бизнис партнери се лица кои го стопанисуваат каменоломот над Битола кој ја загадува животната средина и и штети на околината.


Според наши информации Кондоски е лице со криминално минато, кој во 2009 година тој е осуден на условна казна затвор за тешка телесна повреда, а и пред тоа против него се водени неколку постапки пред органите на прогонот. Дали ова е така нека одговорат од СДСМ. Очигледно таму имаме за кандидат насилник во најава.


Ова се кадрите на СДСМ, стари и истрошени лица, и бизнисмени со сомнително минато, вели портпаролот на ВМРО ДПМНЕ.


извор: лидер

29060043_2016680208590936_36926234558838