ВМРО ДПМНЕ -БИТОЛА: ЗОРАН ЗАЕВ Е ПЕРСОНА НОН ГРАТА ВО БИТОЛА!


Почитувани, Денес во посета на Битола е аболицираниот криминалец Зоран Заев кој сега е во улога на премиер. Заев во Битола наместо да дојде по новиот автопат Битола-Прилеп-Велес кој пред 5 години го ветуваше во Битола, дали во Битола пристигна со хеликопер?

Со кое лице Заев доаѓа во Битола бидејќи во изминатите години од кога СДСМ е локална и централна власт Битола е во тотален хаос, нема нови инвестиции, нема нови работни места односно работни места се отвораат само за подобните партиски кадри на СДСМ.

Дали при посетата на Битола, Заев дојде да го види хаосот кој владее во РЕК Битола и дека рудникот е во незавидна ситуација и надвор од нормалното функционирање.

Дали при посетата на Битола, Заев ќе ја пушти во употреба долго најавуваната модуларна болница во Битола која требаше да биде готова за 3 недели но и после 5 месеци сеуште не е во функција, а бројот на заболени лица од КОВИД-19 секојдневно е во пораст.

Дали при посетата на Битола, Заев ќе се одважи и ќе ја кажи реалната загуба на МЕПСО и ЕЛЕМ?


Почитувани битолчани, ова е една од последните посети на Зоран Заев на Битола и тоа е добро бидејќи откако тој е премиер на Република Македонија градот и државата само назадуваат и одиме во тотален хаос.

Зоран Заев е персона нон грата во Битола!


29060043_2016680208590936_36926234558838