Христо Кондовски - СТЕНТОНО кандидат за градоначалник на Битола и бизнис партнер на Вице Заев


Понудата на СДСМ за локалните избори е од лошо полошо. Братучедот на Оливер Спасовски во Куманово Оливер Илиевски стана кандидат за градоначалник. Додека султанот Заев го исклучи Максим Димитриевски зашто кажа дека СДС е киднапирана партија.

Ова се истакнува во сооопштението од ВМРО-ДПМНЕ, кое го објавуваме во целост:

Во Битола кандидат за градоначалник е Христо Кондовски Стентоно кој е кандидат затоа што е бизнис партнер со Вице Заев.

Ако Струмица е на Вицевци, Кондовски од Битола ќе прави Стентонград.

Дополнително за Ѓорче Петров СДС го кандидира стариот, истрошен и корумпиран градоначалник Александар Наумовски кој ќе остане запаметен по набавката на машина за перење вредна неверојатни 50 илјади евра. Понудата на СДСМ на овие избори е криминал и неспособност.

Оваа понуда е од лошо полошо, односно покрај дното СДСМ покажа дека постои дупло дно.

Центар за комуникации со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ

Извор: Денешен

29060043_2016680208590936_36926234558838