Укината пресудата за убиството на Пино Секондо од Апелација

Апелација ја укина првостепената пресуда за Ангела Ѓорѓиевска која беше осудена на 19 години затворска казна за помагање на убиството на Пино Секондо. Информацијата за „Фокус“ ја потврдија од вторстепениот суд.

– Првостепената пресуда е укината и случајот е вратен на повторно судење пред првостепениот суд, велат од Апелација. Ѓорѓиевска е осудена во јули 2020 година за помагање во извршување на убиството кое го извршил Али Фуркан кој е во бегство. Тој со пушка го застрелал во главата Пино во присуство на Ангела која помогнала безживотното тело да го внесат во автомобил, а подоцна и да го закопаат во атарот на селото Љуботен. Пино со месеци се водеше како исчезнат, а потоа беа најдено остатоци од неговото тело. Мајката на убиениот Пино Секондо, Маја Трпковска со месеци бараше надлежните да го пронајдат момчето.


извор: лидер

29060043_2016680208590936_36926234558838