Гугл наместо во Македонија инвестира во Германија

Компанијата ќе инвестира една милијарда евра

Технолошкиот гигант Гугл соопшти дека планира да инвестира една милијарда евра во изградба на два нови центри за податоци во Германија, со цел да ја зајакне својата позиција на пазарот и да избегне регулаторни и правни проблеми.

– Центарот за податоци во Ханау ќе биде само 20 километри оддалечен од најголемиот интернет центар во светот, DE-CIX, изјави Филип Јустус, шеф на Гугл за Централна Европа. Тој додаде дека четирикатната зграда со корисна површина од околу 10.000 метри квадратни ќе стане целосно оперативна следната година.

Паралелно, Гугл ќе воспостави нова облачна област во Берлин-Бранденбург, иако не прецизираше каде ќе се наоѓа новиот центар за податоци. Главната цел на облачните области на Гугл е да ги доближи услугите на компанијата до клиентите, а брзината на пренос на податоци ќе биде значително подобрена во споредба со онаа преку Атлантикот. Употребата на центри за податоци во САД, исто така, може да предизвика правни и регулаторни проблеми кога станува збор за услугите за европските корисници. Инаку премиерот Зоран Заев пред речиси 4 години најави дека Гугл, а и Фејсбук ќе инвестираат во Македонија, но од најавата до денес нема абер од инвестициите на овие гиганти.


извор: лидер


29060043_2016680208590936_36926234558838