Досега се вакцинирани 712.338 граѓани

Министерството за здравство вечерва соопшти дека заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 712.338 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 8.530 граѓани, а вкупно се вакцинирале 13.296 граѓани.

Вакцинацијата, како што велат од МЗ, се одвива непречено на сите пуктови низ државата, а во тек е и теренската вакцинација. Досега вкупно се аплицирани 1.234.123 дози вакцини, а ревакцинирани се 521.784 граѓани. – Со последните бројки, 51 процент од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 26 проценти од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, информира Министерството за здравство.

Граѓаните се вакцинираат без закажан термин во постоечките вакцинални пунктовите низ државата, а децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.


извор: фокус

29060043_2016680208590936_36926234558838