КОВИД 22 - МИТ ИЛИ НОВ СУПЕР СOJ НА КОВИД? Српски имунолог за следните мутации на вирусот


Веста за т.н Ковид-22 се прошири во светската јавност откако швајцарскиот научник Саи Реди предупреди на опасноста од појава на нов „супер сој“ на корона вирусот, што може да предизвика голема загриженост за светот во наредниот период.


Реди нагласи дека во новата фаза на пандемијата, вирусот може да мутира и да стане поинфективен како гама варијанта, но и да развие „својства“ слични на делта сојот, благодарение на што ќе се шири побрзо.


Српскиот имунолог, д-р Душана Попадиќ посочува дека, иако науката не може со сигурност да предвиди како короната понатаму ќе мутира, статистички гледано, вирусот не треба да еволуира во насока да стане вирулентен, т.е. да предизвикува сериозна клиничка слика.


Имено, секоја нова варијанта претставува промена во одредена карактеристика на вирусот - може да биде тенденција вирусот успешно да го избегне имунитетот или да предизвика потешка клиничка слика.


- Видовите што можат да „избегнат“ антитела обично се шират побрзо, а оние кои имаат висока вирулентност предизвикуваат потешки симптоми. Варијантите со повисока вирулентност мора да исчезнат со текот на времето, бидејќи го оневозможуваат домаќинот. Затоа е поповолно вирусот да има помала вирулентност, а полесно е да се избегнат антитела - истакнува Душан Попадиќ.


Имунологот нагласува дека според претходното искуство на науката, тенденцијата на вирусот е да мутира во верзии со помала вирулентност.


- Целта на вирусот не е да го убие или ослаби домаќинот, туку да преживее и да се шири, а тоа може ефикасно да го стори ако не предизвика речиси никаква клиничка слика, бидејќи болните луѓе помалку се движат и помалку го пренесуваат вирусот на другите - објаснува Попадиќ.


Сепак, тој додаде дека не е целосно исклучено короната да мутира на начин што лесно се пренесува и има висока вирулентност, а единствениот начин да се заштитиме од тоа е вакцинацијата. Таа е клучна и е единственото решение против пандемија. Особено е важно, додава Попадиќ, и младите да се вакцинираат.


извор: фактор

29060043_2016680208590936_36926234558838