(ВИДЕО) Секоја нeдeла во Тетово по 50 aвтoбycи co млaди зaминyвaaт зa Гepмaнија


Сабота, 8 часот наутро. Ова се снимките од автобуската станица во Тетово. Само денеска кон Германија тргнаа околу 50 автобуси, а ситуацијата е иста секоја недела. Од 30 до 50 автобуси тргнуваат само кон Германија, а да не ги броиме тие кон Швајцарија, Италија, Австрија и скандинавските земји.


Солзи меѓу роднините и оние што си заминуваат, кој со семејството а кој сам, родители кои ги испраќаат своите деца и обратно. Но зошто си заминуваат од Македонија: Тие низ солзи не сакаа да зборуваат пред камера, иритирани се, а подобар живот гледаат надвор од земјава. Нивната порака до водачите на државата е секогаш иста “Проклетство“. Прашавме неколку граѓани од Тетово кои велат дека немањето работа и не функционирањето на системот се меѓу причините што младите си одат од државата.


„50 автобуси кои заминаа од Тетово за Германија, ова боли, ова е нешто што нè растажува, овие што нè водат да отворат очи и да се позанимаваат со ова прашање и во иднина ќе биде трагично и да отворат работни места и сите овие млади да се сместат во земјата каде што се“.


„Бидејќи не работат овде, си одат, кој да го направи тоа, нашите политичари, велат овде одете за тие да бидат слободни и да прават што сакаат“.


„Власта не ви дава работа, треба да се направи повеќе за ова за да не одат, да не бегаат“.

Не отворањето работни места, партизацијата и непотизмот во администрацијата, се некои од критиките кои се нотираат и во разните извештаи од ЕУ и Стејт Департмент. Само во последниве години од Македонија се смета дека се иселиле 200 илјади млади луѓе кои работат во Германија и другите европски држави.



извор: инфомакс

29060043_2016680208590936_36926234558838