Починати примиле втора доза од вакцината на „Модерна“ загaдeна со метални честички во Јапонија

Две лица во Јапонија починале откако примиле вакцини против Ковид-19 од компанијата „Модерна“, што се дел од спорната испорака на ампули контаминирани со „одредени честички“.


Во соопштението на јапонското министерство за здравство се наведува дека мажите кои имале повеќе од 30 години починале неколку дена по примањето на втората доза од вакцина.


И двајцата добиле доза од еден од трите погони во кои производството беше прекинато по откривањето на контаминација. Во тек е истрага за причините за нивната смрт.


Јапонските медиуми, повикувајќи се на Министерството за здравство, објавија дека шишенцата биле загадени со метални честички.


Јапонија, кон средината на неделата, ја суспендираше употребата на 1,63 милиони дози вакцина „Модерна“ по извештаите за контаминација на шишиња со одредени честички, за кои постои сомневање дека се поврзани со производствената линија во Шпанија.


Серијата контроверзни вакцини имала 565.400 дози, а „Модерна“ објави дека ја запрела испораката на оваа и две други серии.



извор: инфомакс

29060043_2016680208590936_36926234558838