Може да има голем вoeн cyдиp на Балканот: Албански paзузнавач и потполковник шокиpaн од Авганистан


„Ситуацијата во Авганистан може да се повтори и на Балканот во различни облици. Конкуренцијата меѓу САД, Русија и Кина може да доведе до опасност од воен судир на Балканот со могу големи размери, кој ќе ги поттикне многубројните националистички, шовинистички елементи во овој регион.“ – оценува Гани Елези, пензиониран потполковник и поранешен висок воен раководител на Одделот за разузнавање на Генералштабот на Армијата на Албанија, кој денес се нарекува „Бригада командо“ како задолжен за елитните воени единици на оваа држава. Овие предвидувања Елези ги изнесува во својата колумна под наслов „Предизвик што може да не стави на испит и нас, Албанците“, што ја објави информативниот портал „Телеграф“ од Косово.

Албанскиот врвен разузнавач и денешен аналитичар – коментатор на различни воени и политички прашања на Балканот и светот, пишува: „Ситуацијата што се разви во Авганистан, може да се повтори и на Балканот во различни облици. Може да не засегне и нас, Албанците во Албанија, во Косово, на копното. Балканот е регион каде што се судираат интересите на трите глобални големи сили Америка, Русија и Кина. Никој не може да ни даде точен календар како ќе се развива и какви димензии ќе задобие конкуренцијата меѓу овие три големи сили на Балканот.“

Колумнистот дополнува: „Како војник, јас сум склон да согледам опасност од воен судир, кој може да здобие големи размери и да ги поттикне националистичките, шовинистички елементи, кои ги има многу на Балканот. Склон сум и да мислам дека конкурентските сили еден ден ќе постигнат ‘мир’ кога ќе го ‘потрошат’ последниот куршум. Тие ќе се пазарат. За договор кој може да оди на штета на Албанците. Ова е прашање, кое треба да го привлече нашето внимание.“ Елези вели: „Важно е да бидеме способни да предвидиме, да се подготвиме и да се соочиме со такви предизвици, во кои се наоѓа Авганистан денес. Потребни се сеопфатни политички, економски, финансиски, воени и дипломатски мерки на национално рамниште, за да се справиме со иста ситуација како оваа во Авганистан.“

Окото на искусниот разузнавач во „напуштањето“ на Американците од Авганистан гледа, всушност, претходен договор меѓу талибаните и САД и тој во својата колумна заклучува: „Ситуација како оваа во Авганистан е посакувана од силните актери во меѓународната сцена. Можеби и од Кина и Русија, две земји, кои најавија признавање и соработка со Владата на талибанците. По голгота што траеше 20 години, со колосални финансиски трошоци и со загуба на илјадници човечки животи, САД прифатија да го ‘предадат’ Авганистан. Ова „предавање“ започна навреме. Тоа беше „зготвено“ во текот на едностраните американско-талибански преговори во Доха, Катар. Три состаноци во Белград биле дел од овие разговори. Секоја страна доби нешто. Талибанците добија враќање на власта, што ги вознемири граѓаните на Авганистан и целата меѓународна заедница. Што добија САД? Ќе покаже времето.“

Извор: Експрес

29060043_2016680208590936_36926234558838