МИЛЕВСКИ: НОВА ГЕНЕРАЦИЈА, НОВА ЕНЕРГИЈА ЗА БИТОЛА


Претстојните локални избори се пресудни за иднината на Битола и секој нејзин граѓанин поединечно.

ОК на ВМРО ДПМНЕ Битола, посветено и интензивно периодов наназад работи на процедурите и постапката за составувањето на советничката листа.

Покрај спроведувањето на целосно демократски внатрепартиски постапки кои вклучуваат консултации и широки анализи, ВМРО ДПМНЕ е во отворена и широка акција на граѓанско вклучување на поединци кои имаат идеи, познавања, храброст и сила да им се спротистават на заканите и да земат директно учество во креирањето на политиките кои Битола ќе ја направат поубаво место за живеење и град - дом за сите нејзини граѓани. Битола нема повеќе време за губење и за назадување.

ВМРО ДПМНЕ многу сериозно за скоро ќе излезе со кандидат за градоначалник кој Битола, ќе ја потврди како што била од секогаш, македонски урбан центар. Градоначалник, совет и локална самоуправа кои ќе умеат најпрво да екипираат тим од стручни и професионални индивидуи, а сите тие ќе работат за доброто на сите граѓани, обединети од силната љубов кон Битола.

#УмниБитолчаниУмнаОдлука


29060043_2016680208590936_36926234558838