Coнчeвo co yмepeнa лoкaлнa oблaчнocт, нa плaнинитe дoжд


Времето во земјава ќе биде сончево со умерена локална облачност. Во планинските подрачја ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен претежно северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе достигне до 31 степен. За време на викендот ќе преовладува умерено облачно и потопло време со услови за краткотраен дожд, претежно на истокот од земјава. Од понеделник ќе биде стабилно со слаб до умерен северен ветер.

29060043_2016680208590936_36926234558838