Ги нарекуваше кpиминaлци, сега ќе работи со кpиминaлци – Кампањата на СДСМ во Охрид ќе ја води Бабе


За шеф на граѓанскиот изборен штаб на СДСМ Охрид е поставен извршниот директор на Фондацијата Македонско наследство Тодор Александров Ресен, Никола Митровиќ Бабе. Бабе важеше за активен член на ВМРО-ДПМНЕ, портпарол на општинскиот комитет во Охрид, гласен, човек кој не штедел зборови кога ги коментирал, како што велеше Криминалците од Криминалната партија, мислејќи на СДСМ. Лицето кое беше во првите редови меѓу „Уставобранителите“ најгласниот гласноговорник против СДСМ и правниот систем, денес станува најгласен гласноговорник за СДСМ. Тој стана главен шеф на граѓански изборен штаб на партијата која, барем од она што го кажуваше воопшто не е блиска до неговите политички сфаќања.

-Јас сум политички одреден, јас од тоа не бегам и нема да избегам. Меѓутоа не сум активен како порано, како што ме знаат луѓето, по медиуми, и тоа лесно може да се воочи. Да, застапен сум по медиуми, но не како портпарол на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, туку како стручњак професионалец во својата дејност. Тоа од една страна ме радува, отсекогаш сум сакал првин експонирање по она по што сакам луѓето да ме запознаат. Кај мене малку тоа обратно се случи. Прво ме запознаа како портпарол на општинскиот комитет ВМРО-ДПМНЕ, а потоа како историчар и слично. Нејсе, не е ни тоа битно, битно е дека од денешна перспектива не можам да избегам од минатото, бев портпарол на Општинскиот на ВМРО-ДПМНЕ, а денеска не сум до таа мера политички активен. Инаку сум политички активен и политички припаѓам на ВМРО-ДПМНЕ – говореше Бабе во јули 2016 година, воедно фалејќи се дека раководел со еден од од најдобрите прес-центри на ВМРО-ДПМНЕ.

Дури и се соочуваше со тужби од СДСМ. Во едно интервју говори за тужба од висок функционер на СДСМ за клевета, за кога добил поддршка од високи луѓе од ВМРО-ДПМНЕ. Но се чини како сончогледот се врти по сонцето, така Бабе се врти по она што се нарекува власт. Удобно е столчето во Државниот архив. Минатата година Бабе стана раководител на подрачното одделение Охрид при Државниот архив на Република Македонија. Сега Бабе мора да се оправда за сите навреди кои ги упатил по како што самиот ги нарекуваше Криминалците од Криминалната партија СДСМ. Па Бабе гласно ќе говори за СДСМ, за кандидатот за градоначалник од Криминалната партија. Сега на Бабе не му пречат ниту криминалци ниту криминални партии. Бабе се враќа во медиумите, онака како што биле научени луѓето да го гледаат. Но сега луѓето ќе мора да гледаат еден поинаков Бабе, човек без свое јас, човек без свој став, човек сончоглед!

Јас сум политички одреден, јас од тоа не бегам и нема да избегам велеше Бабе кога ги следеше своите сфаќања и убедувања. Но Бабе го прекрши ветувањето дека не бега и нема да избега. Избега Бабе, но избега и неговото достоинство и неговиот интегритет. Може ли некој да му верува на ваков човек?!

извор: инфомакс

29060043_2016680208590936_36926234558838