(Фото) Лoши вecти од eдна од највakциниpaните држави: Во Израел, 10.000 зapaзени дневно


Во Израел, земја која се бори со четвртиот бран на коронавирус и покрај високата стапка на вакцинација, повеќе од 10.000 заразени беа регистрирани вчера, за прв пат од јануари, објавија медиумите.


Министерството за здравство доцна во средата објави дека се пријавени 10.001 нови случаи на инфекција со коронавирус за 24 часа. Имаше 688 сериозно болни лица и 25 лица починаа во истиот ден.


Израел ја започна својата кампања за вакцинација во декември минатата година. Со две дози вакцинирани се 59 проценти од 9,4 милиони жители, а со трета доза 19 проценти. Вакцинирањето е спроведено исклучиво со Фајзер.


Кон крајот на јули, Израел беше прва држава во светот што започна со вакцинација со трета доза за зајакнување на имунитетот на населението. Други земји наскоро почнаа да следат.

Одлуката беше донесена откако научните студии покажаа дека ефективноста на вакцината во спречувањето на инфекции опаѓа со текот на времето, иако сеуште нуди силна заштита од потешки форми на болеста.


Поагресивна варијанта на делта на вирусот се шири низ Израел со недели. И покрај масовното вакцинирање на населението со трета доза, епидемијата не стивнува.


извор: инфомакс


29060043_2016680208590936_36926234558838