(ВИДЕО) Не знае да состави проста реченица – Гаф на кандидатот на СДСМ за Аеродром во емисија


Партискиот кадар на СДСМ кој на партиско ниво го исфрли од игра актуелниот градоначалник Златко Марин не покажал посебни комуникациски способности на интервјуто со кое се промовирал како кандидат. Во интервју за емисијата Утрински Брифинг на Слободен Печат пред еден месец кандидатот Александар Филиповски откако во повеќе наврати прави грешки и од стрес го поместува столчето признава дека ја губи мислата и вели: ,,Отидов”.

За негова среќа го спасува водителката на разговорот која поставува друго прашање по што Филиповски делумно се стабилизира во разговорот.

Филиповски е син на поранешниот пратеник на СДСМ Благоја Филиповски кој беше и директор на Скопскиот аеродром до 2003 а неговиот чичко Илија беше министер за економија во владата на Црвенковски од 2002 до 2004.

Моментот кога Филиповски признава дека е “отиден”


извор: лидер

29060043_2016680208590936_36926234558838