ФОТО: Скопје како воена зона, стотици припадници на полицијата и војската пред Влада


Околу зградата на Владата на Македонија има распоредено припадници на Специјалните сили на МВР, а за сузбивање на евентуалните немири, распоредени се и оклопни возила.

Голем број полициски сили се распоредени по улиците на главниот град, откако за денес со почеток во 13.30 часот е најавен протест на роднините на осудените во „Монструм“. Околу зградата на Владата на Македонија има распоредено припадници на Специјалните сили на МВР, а за сузбивање на евентуалните немири, распоредени се и оклопни возила. Протестот треба да стартува во Чаир, а според најавите треба да заврши пред владата. Ова е втор протест откако судот ги објави казните за петтемина обвинети за петкратното убиство кај Смилковско Езеро. На претходниот, демонстрантите се судрија со полицијата кај Бит Пазар при што беа повредени 11-мина полицајаци – нападната беше и новинарска екипа. Заради немирите, десетина лица беа обвинети за учество во толпа бидејќи според обвинителството, се обиделе да го пробијат полицискиот кордон фрлајќи камења, метални шипки и други предмети. За делото на казна затвор од осум месеци до една година беа осудени четири лица. За останите се уште трае судската постапка.

Инаку и минатиот петок беше најавен протест за „Монструм“ ама тој не се одржа. Во полиција го најавил Блерим Ахмеди кој подоцна рече дека станувало збор за лажна вест. Од најавениот протест се огради и братот на осудениот Азири. Појасни дека најавил протест ама за овој петок.

Во случајот Монструм на доживотен затвор беа осудени тројца од обвинетите, а за двајца судот одреди затворски казни од 9 и 15 години.

извор: slobodenpecat.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum