(ВИДЕО) Талибанците убиле авганистански комичар кој ги исмевал преку Тик-Ток


Талибанците, кон крајот на јули, откако го освоија вториот по големина авганистански град, Кандахар, погубија познат авганистански комичар, кој преку песна и танц ги исмевал на Тик-Ток.

Британски „Дејли Мејл“ објави видео на кое се гледа Назар Мухамед, познат како Каш Зван, во автомобил со вооружени исламистички милитанти. Талибанците го извлекле од неговиот дом, го одвезле со автомобил, а потоа го застрелале.

По погубувањето се појавиле фотографии на кои се гледа како комичарот стои покрај дрво, а потоа како лежи на земја со пресечен врат.

Талибанците прво ги демантираа информациите дека се вмешани во убиството на комичарот, иако признаа дека двајцата мажи на снимката биле членови на нивната група. Тие рекоа дека комичарот е уапсен, додавајќи дека ќе му суди талибанскиот суд. Според Талибанците, Назар бил вмешан во мачење и убивање на нивни припадници. Комичарот претходно работел за авганистанската полиција, а потоа стана познат по шегите и духовитите песни.

29060043_2016680208590936_36926234558838