ТРАНСПАРЕНТ ПРЕД БИТОЛСКАТА БОЛНИЦА: Ветивте живот донесовте смрт во Битола!


Денес во Битола во посета беа Венко Филипче и Зоран Заев. Она што е заедничко за нив двата е тоа што едниот е најнеспособниот премиер од осамостојувањето на Република Македонија, а другиот е најнеспособниот министер за здравство од осамостојувањето на Република Македонија.


Следно што овие двајца имаат заедничко е нивната љубов кон Оф-Роуд шоу, кое си го приредуваат редовно, со своите екстра скапи теренски возила, па дури и за време на пандемија кога целиот народ останува дома и тоа на нивна препорака.


Трето што ги поврзува овие две личности е тоа што во предходните неколку предизборија ветуваа живот на секаде, па и во Битола. Нивната неспособност доведе до крах на економскиот и здравствениот систем, а со тоа Република Македонија остана без одбрана од вирусот, а тоа резултира со апсолутни негативни светски рекорди во сите сегменти на вирусот. Па испадна наговестениот живот, да се претвори во смрт.


Нема слободни кревети, нема вакцини, нема финансиска поддршка, нема респираторни, нема реагенси, нема услови...


Токму овој црвен чадор ја симболизира вашата неспособност. Овој е сличен чадор како оној што беше поставен во еден од тоалетите на инфективното одделение во Битола. Господо, спасете ја Македонија, поднесете си оставки од позициите кои ги узурпирате.


#МладиКоиПраватРазлика

#ВоМладитеЕСилата

#УМСБитола

29060043_2016680208590936_36926234558838