Хуманитарецот Аце изгради уште еден дом, овојпат за малата Мишела


На 20 ти март оваа година хуманитарецот Александар Георгиевски ја започна својата мисија за помош на семејството Давиткови од село Ерџелија- Свети Николе.

Првичната слика од куќата беше многу лоша, и немаше никакви услови, дури и многумина не веруваа дека ќе се успее, но Аце го направи спротивното, се е возможно кога се сака.

Тој во март стапи во контакт со градоначалникот на Св Николе Сашо Велковски, истотака побара помош и од хумани граѓани.


Тој ангажираше мајстори и со цел денеска госпоѓа Виолета заедно со нејзинот сопруг и син живеат во среден и дом со услови за живот.


Но големиот Аце не застана тука, не застана со таа куќа, тој активно учествуваше секаде каде што ќе беше повикант и каде ќе увидеше дека е потребна помош.


Овопат Герогиевски замина во Куманово во мисија, со цел изградба на куќа на малата Мишела. Куќа која пред неколку месеци била опожарена.

А таа живеше во нејзините остатоци, во лоши услови и скоро без храна, заедно со својата внука Мишела, која за неа е мајка, но се до денес.


Мирјана успеала да ги ожени и омажи своите деца и да ги снајде, но една од ќерките се премажува и своето дете го оставила кај неа.

Внуката Мишела ја пораснала од кога имала 3 дена, и одтогаш се заедно, во знак на благодарност Мишела, својата баба ја нарекува мамо.


– Ќерка ми ја остави внуката кога беше стара само 3 дена, одтогаш јас ја чувам неможам животот да си го замислам без неа. Еве сега уште малку ќе наполни 11 години, таа оди во четврто оделение и е одличен ученик, изјави Мирјана за ,,Срце на Дланка,,


– Многу ми е тешко, еве ова што го гледате сето тоа из горе, во најголемата зима, останавме, без покрив над глава, из горе се што имавме, и книгите за Мишела, единствено сум среќна што остана таа жива и што не беше во тој момент во куќата, вели во солзи Мирјана.


– Неможам да се одделам од баба ми, за мене таа е мајка, јас иако бев малку кај вистинската мајка, неможев таму да заспијам, едноставно неможев без таа што ја нарекувам мајка. Јас тука ќе уживам, таа ќе па ти, вели малото девојче.


Мишел е пак вредно девојче додека на нејзина возраст децата си играат со кукли, таа научила да пере и да готви и мие садови. Помага и чува деца на соседите, а тие за возврат и даваат по некој денар и храна.


Но сега ведри денови доаѓаат во животот на ова мало девојче, кое за неговите 11 години има поминато многу и видено многу.

– Како изгледаше домот на малата Мишела од Куманово пред 45 дена ПРЕД и ПОТОА уште една фамилија овозможуваме да живее достоинствено !


Благодарност до целиот тим мајстори кој секогаш се покрај мене и благодарност до сите што придонесоа ова да биде уште една хуманитарна бајка , изјави гордо Александар.

29060043_2016680208590936_36926234558838