Ќе си лежи aмa пo дoмa: Само кyќeн притвop за Paшковски

Кривичниот суд Скопје му одреди мерка куќен притвор на ексгенералниот секретар Драги Рашковски. Обвинителството бараше притвор за Рашковски за набавката на софтверот.


Приведен е и сопственикот и управител на фирмата што ја доби спорната набавка „Инвока гроуп“, Даниел Станчев.


Обвинителството се сомнева дека Рашковски ја договорил набавката на софтверот со третоосомничениот доставувајќи сопствен патент за кој дал насоки за изготвување на техничка спецификација за јавната набавка. Со тоа е предизвикана финансиска штета врз државниот буџет во висина од речиси 180 илјади евра.


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски, пред неколку часа на својот Фејсбук профил, реагираше за начинот на кој Драги Рашковски денеска бил спроведен во судот, односно како што вели со рацете во џеб, без лисици на рацете, но изрази и сомнеж дека екс Генералниот секретар на Владата ќе добие затворски притвор.


-Ако си соработник на Зоран Заев, за сомневање за сторен криминал завршуваш со одземен пасош или во куќен притвор, а во суд одиш со рацете во џеб. Во спротивно добиваш 30 дена затворски притвор и во суд те носат со лисици на рацете!, напиша Мицкоски.



извор: infomax.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838