„Американците можат да се повлeчaт од Балканот и Косово“, следува ли Авганганистанско сценарио?


„Повлекувањето на САД од Авганистан содржи сомнеж и страв дека истото може да се случи и со Западниот Балкан и Косово, еден поблизок, или подалечен ден! Заради заштеди во американскиот федерален буџет. Америка, а преку неа и другите светски сили и големи држави, примија порака дека животните проблеми на државите и народите не се решаваат само со војски и со војни, ниту со поддржување на корумпираните влади, проамерикански само на збор, ниту со сервилност и со печалење коруптивни милиони и милијарди за себе!“ – предупредува Џеват Мустафа, истакнат политички аналитичар, публицист и писател од Албанија, во својата колумна под наслов „Американското повлекување од Авганистан – голема лекција за сите суперсили“, која ја објави косовскиот весник на албански јазик „Бота сот“.


„Американската војска загуби во Авганистан со висока цена на чинењето на војната.“ – пишува Мустафа: „Сто и осумдесет илјади убиени, синови на американски мајки и татковци и од други земји – сојузници на НАТО, како и од владината војска и од обичниот авганистански народ; околу 70 илјади тешко повредени и доживотно психички и физички осакатени луѓе; потрошени 2.260 трилиони долари на американските даночни обврзници; бегање со срамни загуби. И американскиот министер за надворешни работи Ентони Блинкен има храброст американската војна во Авганистан да ја оцени како успешна???!!! Затоа се придружувам на хорот на оние, кои велат со прекор и со револт: мистер Блинкен, луѓе во цутот на младоста беа оние кутри луѓе, кои се убиени и осакатени засекогаш во текот на 20 – годишната војна во Авганистан! Тоа не беа муви, или скакулци!!!“


„Оваа неодговорна изјава на Блинкен може да биде последица на фактот што сега Америка е веќе научена на срамни загуби и повлекувања, уште од 1953 година, уште од првата загуба во Северна Кореја … и другите загуби по ред!“ – тврди авторот на колумната: „Може да се искаже и искрено жалење за сликата на САД: би можело да се помисли дека во текот на последните 68 години Америка е научена да бега со подвиена опашка, со стотици илјади убиени и доживотно осакатени, со безброј американски знамиња оставени на земја, во кал, во прав, на снег, под гасениците на тенковите и тркалата на камионите на победничките војски, дури и запалени од некои фанатици!!!???“


Албанскиот публицист и аналитичар прашува: „Америка загуби, оти толку има можности??? Дека ‘ова беше играта“??? Оти навреме извлече стотици милијарди, кои ги потроши, користејќи ги за себе многубројните подземни и надземни богатства на Авганистан, особено хашишот, хероинот, гасот??? Дека оваа 20-годишна операција во Авганистан послужи, за да се експериментира со најнови оружја???“


„Повлекувањето на САД од Авганистан содржи и проследува само по себе сомнеж и страв дека тоа може да се случи и со Западниот Балкан и со Косово особено, еден подалечен или поблизок ден, за да се спаси американскиот федерален буџет од големи годишни трошоци! Скраја да е и никогаш да не се случи. Од оваа тешка загуба и од ова срамно повлекување од Авганистан Америка, а преку неа и Русија, Кина, Индија, Иран, Англија, Франција, примија многу јасна и разбирлива порака: животните проблеми на другите држави и народи, како што се Албанија и Косово и натаму Судан, Јемен, Сирија… не се решаваат само со војски и со војни. Тие проблеми не се решаваат ниту со поддржување на корумпираните влади, проамерикански само на збор, ниту со сервилност и со печалење коруптивни милиони и милијарди за себе!“ – предупредува Џеват Мустафа во заклучокот на својата колумна, која ја објави „Бота сот“.


Извор: Бота Сот


29060043_2016680208590936_36926234558838